Нашата студентка Викторија Јовановска, покрај врвните спортски успеси на домашен и на меѓународен план, на Факултетот за информатика при Универзитет Скопје, ја одбрани својата дипломска работа на тема „Унапредување на корисничко искуство преку адаптивни картички во Copilot Studio“.
Во рамките на трудот беше обработена примената на адаптивните картички како современо решение за подобрување на интеракцијата и корисничкото искуство во дигитални асистенти.
Ментор на дипломскиот труд беше Доц. д-р Миодраг Цекиќ.
И го честитаме на Јовановска дипломирањето и и посакуваме многу успех во понатамошниот професионален развој!
